24фудбал

Трансферот на Рохо во Евертон откажан во последен час, во Манчестер имале посебна причина за таквата одлука

Аргентинскиот бек бил на чекор до трансфер на „Гудисон Парк“, меѓутоа во последен час договорот пропаднал откако во Манчестер јунајтед се појавиле силни мотиви поради една доста дискутабилна причина.

Англија

„Тајмс“ пишува дека Маркос Рохо бил на чекор до трансфер во Евертон, и тоа како позајмен фудбалер, веројатно со опција за целосен откуп на неговиот договор, меѓутоа неговата преселба на „Гудисон Парк“ во последен час била блокирана од страна на раководството во Манчестер јунајтед.

Истиот медиум тврди дека раководството на тимот од „Олд Трафорд“ во последен момент ставило вето на трансферот на аргентинскиот бек и тоа поради фактот што во Евертон гледаат ривал кој ќе води битка за четирите горни позиции во Премиерлигата оваа сезона.

29 годишниот Рохо веќе пет години е дел од тимот на Манчестер јунајтед, не успеа да избори место во почетниот состав на истата екипа, а дополнително не му оди во прилог тоа што „Црвените ѓаволи“ го ангажираа Хари Мегваер.

Рохо има договор со Манчестер јунајтед со важност до 2021. година, а истиот има и опција за дополнителни 12 месеци, меѓутоа извесно е дека тој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.