24фудбал

Почетни состави за мечот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед (ФОТО)

Вечерва ќе се комплетира второто коло од најсилниот фудбалски шампионат на Островот, незгодниот Вулверхемптон е нов тест за избраниците на Солскјер по одличниот старт на сезоната по убедливата победа над Челси.

Англија

Со мечот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед ќе се спушти завесата од второто коло во новата сезона од англиската Премиерлига, мечот стартува со почеток од 21,00 часот, а веќе се познати и почетните состави на обете страни.

Домаќинот ќе игра во формациска поставеност од 3-5-2, а двоецот во нападот на тимот на Еспирито Санто сосема очекувано ќе биде Хименез-Жота, на клупата е уште и големото засилување Кутроне, па останува дилемата дали Италијанецот ќе добие шанса на мечот, односно минути за докажување.

Кај гостите, Оле Гунар Солскјер ќе настапи во формација 4-2-3-1, според графичкиот приказ кој може да се види на официјалниот сајт на Премиерлигата, токму Марсијал ќе биде осамен во нападот на „Црвените ѓаволи“, веднаш зад него се Рашфорд, Лингард и Џејмс, кој воедно е големото изненадување од страна на Солскјер во почетниот состав.