24фудбал

Солскјер убеден: Погба останува, немам никакви дилеми по тоа прашање

Норвежанецот има голема доверба во својот фудбалер за кого од поодамна се шпекулира дека ќе си замине од „Олд Трафорд“, се верува дека Реал Мадрид е неговиот прв избор по Манчестер јунајтед.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната пресконференција во пресрет на гостувањето кај Вулверхемптон во рамките на второто коло од Премиерлигата, беше запрашан и за иднината на Пол Погба.

Французинот подолг период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид каде би можел да игра под кормилото на неговиот сонародник Зинедин Зидан, меѓутоа Солскјер отфрла такво нешто, вели дека е убеден во тоа дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“.

Не постои ниту една пресконференција на која не сум одговарал на прашања поврзани со иднината на Пол Погба, 80% од тоа што тој го говорел досега е дека ужива во играта и неговиот престој во нашиот клуб. Немам никакви дилеми околу Пол, според мене, да, тој ќе остане“ рече Солскјер.