24фудбал

Тухел откри еден услов кој во моментов не му дозволува на Нејмар да си замине од ПСЖ

Во Шпанија веќе пренесоа дека Барселона се подготвува за финална офанзива по потписот на Нејмар, меѓутоа од ПСЖ пристигнуваат поинакви сигнали, кои наведуваат еден услов кој мора да се исполни за Бразилецот да си замине од француската престолнина.

Франција

Шефот на стручниот штаб на францускиот првак ПСЖ, Томас Тухел вели дека на Нејмар нема да му биде дозволено да си замине од ПСЖ ова лето во случај клубот да не донесе адекватно засилување како негова замена.

Тухел се обрати по повод зачестените шпекулации за иднината на Бразилецот по мечот на гостувањето кај Рен во Лиг 1, каде ПСЖ загуби со 2-1.

Тој нема да си замине без да биде заменет, тоа не е возможно, доколку остане тука, ќе имаме играч кој може да добие дуел еден на еден“ посочи Тухел.

Барселона останува голема опција за Нејмар, од поодамна повеќе медиуми најавуваат дека Бразилецот може да се врати во клубот од каде за рекордни 222 милиони евра направи трансфер во редовите на ПСЖ.