24фудбал

Јувентус потврди, Маурицио Сари е болен

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари има пневмонија, веројатно ќе го пропушти стартот на сезоната во Серија А.

Италија

Јувентус информираше дека Маурицио Сари има пневмонија за која е потребна специфична терапија поради што стратегот извесен период нема да биде на тренинзите.

Веројатно тој ќе го пропушти и првиот натпревар на Јувентус во Серија А, дуелот против Парма на гостински терен.