24фудбал

Голем пех за Барса, Дембеле ќе отсуствува пет седмици

Младиот фудбалер им се приклучи на Меси и Суарез на листата на повредени играчи на Каталонците, а ова е голем проблем за Валверде кој веќе остана без услугите на Кутињо.

Шпанија

Барселона потврди дека Осман Дембеле ќе отсуствува од клупските обврски цели пет седмици откако Французинот се здоби со повреда, а ова е голем проблем за Ернесто Валверде.

Дембеле ги одигра сите 90 минути во поразот на Каталонците на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-0 во воведното коло од Примера откако Французинот се наметна во претсезонските подготовки.

22 годишниот фудбалер од поодамна се соочува со проблеми во мускулатурата, со истите се соочува дури откако дојде во Барселона пред две години, а досега во истиот период има пропуштено 53 натпревари за Каталонците.

Засега останува мистерија како се случи најновата повреда на Дембеле, меѓутоа ова е голем проблем за шефот на стручниот штаб на Каталонците, Валверде кој веќе остана без услугите на Кутињо кој веќе се пресели во редовите на Баерн Минхен.