24фудбал

Невил се чуди зошто Погба изведува пенали: Тој е себичен, промаши четири за 12 месеци и уште сака да шутира!

Пол Погба беше трагичар за Манчестер јунајтед на гостувањето кај Волвс откако промаши пенал.

Англија

Во првото коло Манчестер јунајтед имаше пенал, тогаш шутираше Рашфорд и погоди, а денеска Погба ја зема топката шутна и промаши.

Од почетокот на минатата сезона Погба има промашено дури четири пенали, Невил смета дека со таква статистика тој не треба ниту да помисли да шутира.

„Погба и Рашфорд имаа долг разговор. Не сум сигурен дали Рашфорд минатото коло му го превзема пеналот на Погба и Погба му го направи сега истото на Рашфорд. Имаат долг разговор и тоа не ми се допадна. Зошто треба да има дебата за тоа кој да изведе пенал?“, вели Гери Невил.

„Никогаш не треба да има дебата за тоа. Погба промаши четири пенали во изминатите 12 месеци. Тој имаше шанси досега. Сега Рашфорд треба да изведува“.

„Нема лидер на теренот. Некој треба да биде одбран за изведувач на пенали и крај на муабетот“.

„Нешто не е во ред таму. Тоа е пенал за Манчестер јунајтед, а не лотарија“.

„Погба е себичен. Зошто воопшто да помислиш да му го земеш пеналот на соиграчот? Лудо“.