24фудбал

Барса и Јувентус синоќа разговарале за Дембеле, Суарез и трампа Ракитиќ за Џан

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи синоќа беше во Барселона на средба со „каталонците“ а според пишувањата на медиумите било разговарано за неколку имиња.

Италија

Фабио Паратичи вчера отпатува за Барселона, и во прв момент беше пренесено дека на агендата на спортскиот директор на Јувентус е младиот лев бек Хуан Миранда.

Но тема на разговор биле уште неколку фудбалери. Тутоспорт вели дека Барселона на Јувентус му го понудила Луис Саурез, како и можноста за трамна на Иван Ракитиќ и Емре Џан.

Се разговарало и за можноста Даниеле Ругани и Марио Манџукиќ до крајот на летниот преоден рок да завршат на Камп Ноу.

Мундо Депортиво пак вели дека Фабио Паратичи се распрашувал за Осман Демебле, спортскиот директор на Јувентус во Французинот гледа замена за Пауло Дибала, кој се поврзуав со трансфер во ПСЖ.

МД исто така додава дека името на Луис Суарез никогаш не било ставено на маса од страна на директорите на Барселона.