24фудбал

Рашфорд го објасни разговорот со Погба пред да биде шутнат пеналот

Пол Погба е главна тема во Англија по промашениот пенал против Волвс кој според многумина требаше да го изведе Маркус Рашфорд.

Англија

За две кола Манчестер јунајтед доби два пенали, против Челси погоди Рашфорд, но против Волвс наместо тој шутираше Погба и промаши.

Во сериозните екипи секогаш се знае кој треба да го шутира пеналот, но во Манчестер јунајтед се чини дека не е така. Па Погба по разговор со Рашфорд зема тој да го шутира пеналот кој му беше четврти промашен за 12 месеци.

Гери Невил смета дека Погба со таков лош учинок не треба ниту да помисли да шутира пенал, но Французинот се чини дека се става себеси пред тимот.

Рашфорд објаснува дека Погба побарал од него да го шутира пеналот, а тој му дозволил.

„Пол сакаше да го изведе пеналот. Едноставно е. Секој може да промаши, тој постигнал толку голови од пенал и нормалено е да промаши некогаш“, вели Рашфорд застанувајќи во одбрана на Погба.

„Едноставно е, ако сакате да шутирате, шутирате. Јас го изведов во минатото коло, па не ми беше проблем сега тој да шутира“.

„За жал промаши, но тоа е фудбалот. Самодовербата дека ќе постигнете гол секогаш е иста. Цело време вежбаме пенали и ги даваме најголемиот дел од нив“.