24фудбал

Клоп откри зошто Ливерпул ова лето не го вратил Кутињо: Можеби ќе звучи чудно, но немавме пари

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп помеѓу редови навести дека сакал да го ангажира Филипе Кутињо но „црвените“ се откажале од една ваква зделка бидејќи немале пари.

Англија

Бразилецот во јануари 2018 се пресели на Камп Ноу во трансфер вреден 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони во бонуси (до сега се активирани 15 милиони евра од бонусите), но не се снајде најдобро во дресот на Барселона и летово се бараше нов клуб за него.

Името на Филипе Кутињо се поврзуваше со неколку дестинации, за оваа недела тој да биде испратен на позајмица во Минхен за која Баерн ќе плати 8,5 милиони евра и во целост ќе ја покрие неговата годишна плата од 12 милиони евра.

Јирген Клоп сега го прокоментира трансферот, меѓу редови навести дека тој сакал да го врати плејмејкерот на Енфилд, но едноставно немале пари за реализирање на една ваква зделка.

„Можеби ќе звучи чудно, но не можевме да си го дозволиле, ги потрошивме парите кои ги добивме за него“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Одбивавме да им го продадеме на Барселона, но не примораа откако понудија многу пари“.

„Преселбата во Баерн е логична за двете страни. Фил е супер играч и супер момче. Тој е фудбалер од светска класа кој може да ја промени играта на позитивно. Можеби зделката не е добра за Дортмунд, но неговиот трансфер е одличен за Баерн и Бундеслигата“.