24фудбал

Милан има две опции како потенцијални засилувања од Реал Мадрид

Италијанскиот прволигаш наводно има можност да извлече голема корист во самото „финале“ од летниот преоден рок, „Газета дело Спорт“ објави дека Милан има две доста интересни опции како потенцијални засилувања од Реал Мадрид.

Италија

Милан може да добие големи засилувања во финалните денови од трансфер периодот, во Италија пренесуваат дека „Росонерите“ во Мариано Диаз и Лука Јовиќ имаат две доста интересни опции за засилување во својот состав.

Официјални претставници на обата клуба веќе си подадоа рака по трансферот на Тео Ернандез по успешните преговори, а сега на повидок е реализација нова зделка помеѓу Реал Мадрид и Милан.

„Газета дело Спорт“ објави дека во текот на финалната седмица од трансфер периодот е предвидена уште една средба помеѓу претставниците на Реал Мадрид и Милан, а се работи за можна преселба на Мариано или Јовиќ во Милано.

Повеќе медиуми во шпанија веќе објавија дека Мариано е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, освен што се споменуваат Бетис и Монако како заинтересирани клубови за неговиот потпис, под будно око целата ситуација ја следи и Милан.

Од друга страна пак, Јовиќ кој ова лето ги засили редовите на Реал Мадрид, се чини дека уште веднаш ќе биде испратен на позајмица за да има минутажа, јасно е дека Зинедин Зидан нема да го промени својот став во однос на Карим Бензема, кој и натаму ќе биде незаменлив во нападот на „Кралевите“, па така српскиот напаѓач е исто така опција за „Росонерите“.