24фудбал

Борусија Дортмунд го награди Санчо, двојно зголемување на платата за Англичанецот

„Милионерите“ направија милионерски потег, младиот Англичанец веројатно доби дополнителна мотивација за уште подобри изданија во иднина во дресот на германскиот Бундеслигаш.

Германија

Џејдон Санчо е награден за феноменалните партии во дресот на Борусија Дортмунд, па така „Билд“ извести дека тој добил двојно зголемување на платата која ја заработува во редовите на германскиот Бундеслигаш.

19 годишниот Англичанец во октомври ланската година потпиша нов договор со Борусија Дортмунд со кој се обврза на верност со клубот до 2022. година, а со истиот беше предвидено да има годишна плата од 3 милиони евра, меѓутоа сега истата е двојно зголемена.

Според пишувањата на „Билд“, во почнувајќи од оваа сезона Санчо ќе заработува 6 милиони евра на годишно ниво, а тој уште на самиот старт на новата сезона возврати со два гола и исто толку асистенции во трите настапи во сите конкуренции.