24фудбал

Азар може да се врати на терените порано од предвиденото

Винисиус Жуниор веќе ги освои симпатиите во отсуството на Белгиецот во победата на Реал Мадрид кај Селта во воведното коло од Примера, но „Марка“ известува дека Азар ќе се врати на терените порано од што беше предвидено.

Шпанија

Големото засилување за Реал Мадрид ова лето, Еден Азар би можел да се врати на терените порано од предвиденото, откако тој се здоби со повреда по која очекувањата беа да паузира од три до пет седмици.

Медицинскиот тим на „Кралевите“ во полна пареа работи на рехабилитацијата на Белгиецот, а откако била ревидирана дијагнозата, сега постои надеж во таборот на шпанскиот гигант дека Азар ќе дебитира во Примера во третото коло, и тоа на гостувањето кај Вилјареал на 1 септември.

Азар се здоби со повреда за време на тренинг во пресрет на гостувањето кај Селта во првото коло во Примера, каде Реал Мадрид славеше со 1-3, иако очекувањата беа да отсуствува околу еден месец, неговата рехабилитација тече импресивно, меѓутоа сигурно дека ќе го пропушти дуелот со Реал Валјадолид на домашен терен претстојниот викенд.

Тројца се на списокот на повредени фудбалери во тимот на Зидан, покрај Азар, на истиот се и Родриго и Менди, сите се приклучија на тимот од шпанската престолнина ова лето.