24фудбал

Јовиќ: Приказните за позајмица се смешни, Зидан верува во мене

Српскиот напаѓач летово потпиша за „Кралскиот клуб“, меѓутоа брзо беше ставен на голем тест со оглед на фактот што предизвикот е многу поголем сега во неговата кариера, па така медиумите не чекаа многу за да се занимаваат со неговата иднина.

Шпанија

Лука Јовиќ стави јасно дознаење на целата јавност дека ќе остане во Реал Мадрид, а српскиот напаѓач со тоа ги коментираше шпекулациите кои одредени медиуми ги пласираа во јавноста дека „Кралевите“ ќе го испратат на позајмица.

Српскиот напаѓач уверува дека Зинедин Зидан има целосна доверба во него, а тој токму во овој летен преоден рок направи трансфер во тимот од шпанската престолнина од Ајнтрахт Франкфурт.

Приказните за тоа дека би можел да бидам испратен на позајмица ме тераат на смеење, медиумите постојано ќе шират такви приказни“ вели Јовиќ за „Новости“.

Навикнат сум на секакви шпекулации поврзани со мене од самиот почеток на мојата професионална кариера, го прифатив фактот што истите можат постојано да се појавуваат, времето ќе покаже што е точно, а што не е“ додава тој.

Зидан верува во мене, неговото мислење за мене се нема променето од моментот кога почнавме да соработуваме, јас учам од него од ден во ден, пресреќен сум што соработувам со него, тој е еден од најдобрите во светот на фудбалот“ заклучи Србинот.