24фудбал

КУП: Пелистер и Тиквеш изборија место во осминафиналето

Денеска беа одиграни два натпревари во рамките на 16 финалето од националниот куп во нашиот фудбалски шампионат, Пелистер и Тиквеш им се приклучија на Брегалница во осминафиналето каде место веќе имаат обезбедено ланските финалисти Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, кои се слободни во оваа фаза.

Македонија

Вчера Брегалница оствари убедлива победа од неверојатни 0-22 на гостувањето кај Ново Црнилиште, а со тоа Штипјани изборија место во осминафиналето од националниот куп, денес се одиграа две пресметки, а за утре се предвидени и останатите.

Мечот помеѓу амбициозниот Кит Го од Пехчево и Пелистер од Битола беше решен по изведување на удари од белата точка откако претходно резултатот беше израмнет и гласеше 1-1.

Откако во првото полувреме мечот мина без погодоци на обете страни, дури во 81. минута резултатот беше отворен и тоа во корист на домаќините, кои преку Симевски први дојдоа до водство.

Сепак, Момировски во самата завршница успеа да израмни на 1-1, а во пенал серијата „Пелистерци“ беа подобри со 4-5.

Во втората пресметка која се одигра исто денеска, Тиквеш со убедливи 1-5 беше подобар на гостувањето кај Љуботен, Лазаров, Пеев и  Митев постигнаа по еден, а два гола во победничката екипа постигна Ристовски, голот за утешен пораз за Љуботен го постигна Димитриевски.


Утре се играат преостанатите натпревари од 16 финалето од Купот, сите натпревари стартуваат со почеток од 17 часот, еве ги двојките:


Фортуна Скопје – Силекс

Гостивар – Шкендија

Кожув Гевгелија – Ренова

Кравари – Лабуништа

Локомотива Скопје – Струга Трим и Лум

Охрид – Беласица

Осогово – Победа

Превалец – Борец

Тетекс – Шкупи

Велазерими - Работнички


Фото-вест: fkkitgo.mk