24фудбал

Икарди си тера инает со Интер, Аргентинецот стави јасно дознаење дека не си заминува од Милано (ФОТО)

Икарди е непожелна личност во Интер, меѓутоа самиот Аргентинец веројатно е дека сака да остане на подолг рок во Милано, и покрај тоа што за него нема никаква иднина во редовите на „Нероаѕурите“.

Италија

Иднината на Мауро Икарди се уште не е позната, јасно е дека за аргентинскиот напаѓач нема место во плановите и идеите на новиот тренер на „Нероаѕурите“, Антонио Конте, а доби прецизна порака од клубот дека треба да си замине.

Наполи покажа голем интерес за услугите на напаѓачот, меѓутоа во Италија пишуваат дека Икарди не е заинтересиран да се пресели во вицепрвакот во тамошниот шампионат, се споменува и Јувентус како опција, меѓутоа, од таму пак нема реакција.

Како и да е, Икарди на крајот може да остане во редовите на Интер, па така самиот напаѓач на социјалните мрежи сподели фотографија на која напиша „Мојот нов дом доаѓа“, а станува збор за место каде тој треба да престојува во новото живеалиште, на кое во моментов има градежни активности, истото е во Милано.