24фудбал

Зарем можеше да биде поинаку? ПСЖ ја одби понудата на Барса за Нејмар

Неколку извори пренесуваат дека ПСЖ одговорил негативно на предлогот на Барселона за позајмица на Нејмар и право на откуп во 2020 за 150-160 милиони евра.

Франција

Лидерите на Барселона во понеделникот имаа средба на Камп Ноу за да склопат финален предлог за ангажман на Нејмар. „Каталонците“ решија на ПСЖ да му понудат да го земат Бразилецот на позајмица и во 2020 да можат да го купат за 150-160 милиони евра.

Кога на маса беше името на Филипе Кутињо, ПСЖ инситираше и на сума од 100 милиони евра, со цел да може да донесе соодтвено засилување и токму ова беше камен на сопнување и причина за „светците“ да одбијат да се разделат со својата ѕвезда.

Па сосема очекувано, од Париз пристигна негативен одговор и за последниот предлог, неколку извори доцна вечерва пренесуваат дека ПСЖ ја одбил понудата на Барселона за позајмица.

„Светците“ наводно се отворени да продолжат да преговараат, но инсистираат да добијат поголема сума на пари уште сега и Барселона да се обврзе дека ќе го купи во целост играчот следното лето.