24фудбал

Меси е два пати подбар од Роналдо, ова го покажува последната студија

Една од најголемите дебати во светот на фудбалот е кој е најдобриот на денешницата, Католичкиот универзитет Лувен направи студија која покажа дека Лео Меси е два пати подобар од Кристијано Роналдо.

Останато

Лео Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, но тешко е да се каже кој е најдобар. И Аргентинецот и Португалецот имаат армија свои поддржувачи кои ќе набројат огромен број на причини зошто нивниот миленик е на врвот.

Во дебатата реши да се приклучи и Католичкиот универзитет Лувен, кој направи студија во соработка со холандската компанија SciSport, која е специјализирање за собирање на податоци. Тие изготвиле формула и метод кој го нарекуваат Valuing Actions by Estimating Probabilities (VAEP).

„Вредноста на фудбалерите многу често се одредува според головите кои ги постигнуваат и аситенциите кои ги бележат“ – вели Џеси Дејвис, провесор на универзитетот.

„Но голот е редок настан бидејќи во текот на еден натпревар се прават околу 1.600 акции. Нашиот модел внимание обрнува на секоја акција, на секој удар, секое додавање, дриблинг, старт и ја калкулира вредноста“.

Тие направиле анализа на податоци од сезоната 2013/14 па се до последната сезона на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид (2017/18).

Според студијата, Лео Меси е два пати подобар од ЦР7 и има VAEP коефициент од 1.21 по натпревар, во споредба со 0.61 на Кристијано Роналдо.

„Во првите сезони, Меси и Роналдо имаат речиси исти бројки, но од сезоната 2015/16, Лео прави огромен исчекор во однос на својот вечен ривал“ – вели студентот Том Декрос.

„Обично фудбалерите се инволвирани во многу акции кои имаат помала вредност, на пример таков е Пол Погба. Или пак имате играчи кои ќе бидат во мал број на допири со топката, но ќе имаат големо влијание. Тоа се напаѓачи како Хари Кејн, Мохамед Салах и Роналдо“.

„Меси е исклучок од ова. Тој е инволвиран во голем број на акции, и акциите се од голема вредност“.