24фудбал

Трајковски го добива „јапонскиот Меси“ за соиграч, Реал го праќа Кубо на позајмица во Мајорка

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека талентираниот Такефуса Кубо од Реал Мадрид ќе биде испратен на позајмица во редовите на Мајорка.

Шпанија

Александар Трајковски добива соиграч од Реал Мадрид и додатна конкуренција за место во тимот. Неколку извори од Шпанија пренесоа дека талентираниот Такефуса Кубо ќе биде испратен на позајмица во Мајорка.

Тинејџерот, кој долги години беше дел од школата на Барселона и беше познат како „јапонскиот Меси“, ова лето се врати во Шпанија и потпиша за „кралевите“.

Тој импресионираше со своите потези на тренинзите и подготовките, но лидерите на Бернабеу сметаат дека е прерано Такефуса Кубо да биде дел од првиот тим, па му беше понудена можноста да замине на калење во некој клуб од Примера.

Пред неколку недели се говореше за можноста Јапонецот да се пресели во Ваљадолид, но последните информации велат дека изборот паднал на повратникот во елитата, Мајорка.