24фудбал

Ги тролаа Обамејанг и Лаказет: Ван Дајк и Робертсон со провокација пред дербито со Арсенал (ВИДЕО)

Двоецот од одбраната на европскиот првак се чини дека добро го простудирал начинот на кои Обамејанг и Лаказет ги прославуваат погодоците во дресот на Арсенал.

Англија

Ливерпул и Арсенал тргнаа со две победи во исто толку одиграни натпревари во новата сезона од Премиерлигата, а токму овие две екипи ќе ги одмерат силите во третото коло претстојниов викенд.

На „Енфилд“ во сабота сигурно ќе проследиме интересна пресметка, а такво нешто доаѓа во најава и од тоа што камерите го уловија за време на подготовките на Ливерпул, Енди Робертсон и Вирџил ван Дајк се посебно расположени.

Се чини дека двоецот од одбраната на „Редсите“ добро ја простудирале прославата на погодоците на двоецот во нападот на Арсенал, Обамејанг и Лаказет, кои сигурно ќе бидат најголема опасност кон нивниот гол, па така тие испратија и мала провокација кон нив, изведувајќи ја нивната добро позната прослава на погодоците.