24фудбал

Наполи и Интер се договориле, но неизвесно е дали Икарди ќе каже „ДА“

Според италијанските медиуми, Интер и Наполи се договориле за висината на обесштетување, останува уште Икарди да се сложи и трансферот да биде комплетиран.

Италија

„Кореире дело Спорт“ пишува дека Интер и Наполи си подале рака за сума од 65 милиони евра, но неизвесно е дали Икарди ќе се сложи за овој трансфер.

Ставот на фудбалерот беше дека би заминал само во Јувентус, во спротивно ќе остане во Интер и покрај тоа што не е во плановите на Конте, а клубот го донесе Лукаку на кого му ја даде деветката.

Се верува дека утре може да биде одлучувачки ден за Икарди, бидејќи неговата сопруга и агент, Ванда Нара ќе биде во Капри.

Островот Капри е во близина на Неапол и би било идеална можност за преговори со Де Лаурентис.