24фудбал

Шкендија не може да киксне и против тим од втора лига, Ренова преку пенали до осминафиналето од купот

Без големо изненадување во 1/16 финалните средби од Купот на Македонија, најблиску до елиминација беше Ренова, но се протна преку пенали.

Македонија

Требаше да дојде Купот на Македонија за Шкендија да ја забележи првата победа оваа сезона во домашните натпреварувања. Тие славеа на гостувањето кај Гостивар со 4-1. 

Убедлив беше и Работнички кој со 4-0 го победи Влазерими, со истиот резултат Силекс славеше кај Фортуна.

Интересно беше во Гевгелија каде Ренова беше пред елиминација од Кожув, но се спаси, во финишот од мечот изедначи на 3-3, а потоа со 6-5 ја доби пенал серијата.

Шкупи со 5-1 го победи Тетекс, а Осогово во Кочани со 1-0 беше подобар од Победа.

Дуелот меѓу Саса и Вардар ќе се игра на 28. август, а финалистите од минатиот куп, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев одат директно во осминафиналето.

Резултати:

Фортуна – Силекс 0:4

Охрид – Беласица 5:4 на пенали, 1:1

Кожув – Ренова 5:6 на пенали, 3:3

Кравари – Лабуништа 1:4

Тетекс – Шкупи 1:5

Локомотива – Струга Трим Лум 1:5

Влазерими – Работнички 0:4

Превалец – Борец 0:4

Осогово – Победа 1:0

Гостивар – Шкендија 1:4

Саса – Вардар ќе играат на 28 август

Претходно играа

Кит Го – Пелистер 4:5 на пенали, 1:1

Љуботен – Тиквеш 1:5

Ново Црнилиште – Брегалница 0:22