24фудбал

Испровоцираните Делии тепаа Швајцарци во Берн, полицијата пукаше во воздух! (ВИДЕО)

Непријатни сцени како увертира за вечерашниот меч од плејофот во Лигата на шампионите меѓу Јанг Бојс и Црвена звезда.

Лига на Шампиони

Според информациите од српските медиуми, инцидентот се случил околу 18 часот. Група навивачи на Црвена звезда тргнала накај стадионот и по пат била испровоцирана од домашни навивачи.

На провокациите навивачите на Црвена звезда одговориле жестоко, тепачката морала да ја смирува полицијата со пукање во воздух.

Според некои медиуми провокациите биле поврзани со Косово.