24фудбал

Лукаку отворено за заминувањето од Манчестер: Тие мислеа дека ние сме глупави

Белгиецот ова лето ги засили редовите на Интер, а тој во едно интервју снимено пред неговиот трансфер во Милано говори отворено, без влакна на јазикот за целата ситуација со која се соочил во последниот период минат на „Олд Трафорд“.

Англија

Ромелу Лукаку тврди дека многу работи се случиле во текот на последниот период минат во редовите на Манчестер јунајтед, белгискиот напаѓач е разочаран што во целата ситуација не добил никаква заштита од клубот.

Многу работи беа кажани каде јас лично не се чувствував заштитен, ги чувствував на себе сите тие шпекулации, Ромелу ќе оди таму, тие не го посакуваат Ромелу во својот тим, а никој не презеде ништо за да стави крај на сето тоа“ вели Лукаку.

Имаше добри три-четири седмици, чекав некој да стави крај на сето тоа, но, истото не се случи, постојано разоваравме, уверував дека најдобро е за обете страни да тргнеме по свој пат, доколку не сакате да заштитите некого, сите тие шпекулации ќе излегуваат во јавноста, јас само сакав да кажат дека Ромелу ќе се бори за своето место, но, тоа никогаш не се случи во период од четири-пет месеци“ додава Белгиецот.

Доколку сте среќен, ќе пронајдете заеднички јазик, не е важно дали сте на клупата за резерви или ќе бидете стартер, но, никој не ми посочи каква е ситуацијата, ниту јас, ниту мојот агент сме слабаци, им кажав дека едноставно не е добро за мене да бидам во клуб каде не сум посакуван, ние не сме глупави, тие не сметаа нас за глупави, но, не сме, им реков дека не може повеќе вака да функционираат работите и дека најдобро за мене е да си заминам“ заклучи тој.