24фудбал

Победа за Динамо Загреб над Розенборг, реми со два гола за Црвена звезда кај Јанг Бојс (ВИДЕО)

Динамо Загреб со 2-0 го победи Розенборг, Црвена звезда одигра 2-2 на гостувањето кај Јанг Бојс а можеше да дојде и до триумф, Олимпијакос со 4-0 го совлада Краснодар и веќе може да размислува за групната фаза од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Се одиграа првите плејоф натпревари за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите Динамо Загреб и Црвена звезда остварија одлични резултати.

Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути за Динамо Загреб кој со головите на Петковиќ од пенал и Орсиќ во првото полувреме дојде до победа од 2-0 против Розенборг. Триумф кој ги става во улога на голем фаворит за пласман во групната фаза.

Црвена звезда одигра 2-2 на гостувањето кај Јанг Бојс. Мечот за нив не почна најдобро, уште во седмата минута примија гол од Асале.

Но брзо се вратија, Дегенек даде убав гол во 18. минута за израмнување на 1-1, а Гарсија на почетокот од вториот дел погоди за комплетен пресврт и водство на Црвена звезда од 2-1.

На 15 минути до крајот Оро изедначи на 2-2, што беше и конечен резултат кој е добар за Црвена звезда.

А најдобар резултат оствари Олимпијакос кој со 4-0 го победи Краснодар. Два гола постигна Ранџеловиќ, по еден Гереро и Поденсе.