24фудбал

„Не се брзај Лео. Не треба да се форсираш“ – Бетис со оргинален пост по веста дека Меси почнал да тренира со полна пареа

Лео Меси попладнево одработи тренинг со преостанатиот дел од тимот што е добра вест за тренерот Ернесто Валверде но и не толку добра за Бетис, следниот противник на Барселона.

Шпанија

Малку добри вести за „каталонците“ по повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле. Лео Меси попладнево за прв пат тренираше со преостанатиот дел од тимот.

Аргентинецот доби продолжен одмор по настапот на Копа Америка, а кога се врати на подготовките, се повреди уште првиот ден. Па наместо да го билда својот фитнес на турнејата во САД, тој остана во Барселона за да работи индивидуално.

Воведното коло од Примера дојде пребрзо, но затоа пак Лео Меси би можел да добие шанса овој викенд против Бетис.

И покрај тоа што нема одиграно една минута фудбал со месеци, Бетис преферира да не го види напаѓачот на теренот, па испрати огринална порака на социјалните мрежи.

На објавата на Барселона дека Меси работи со групата, „зелено-белите“ напишаа: „Не се брзај Лео. Не треба да се форсираш“.