24фудбал

Голазо на Карлос Вела во МЛС, ги дриблаше противниците како мали деца (ВИДЕО)

Карлос Вела постигна голазо против Сан Хозе, напаѓачот на Лос Анџелес ФК се прошета низ одбраната на противникот, гo легна на земја голманот, а си поигра и со играчот кој сакаше да расчистува на гол линијата.

Останато

Мексиканецот ја игра својата втора сезона во МЛС, и да не беше Златан Ибрахимовиќ сигурно ќе важеше за прва ѕвезда во првенството на САД.

Тој утрово против Сан Хозе постигна два погодока со кој направи нов исчекор кон рекордот на Џозеф Мартинез од 31 гол во сезона. И додека првиот беше рутинска реализација од пенал, вториот гол е за најавните шпици во стилот на Лео Меси и Марадона.

Карлос Вела ги дриблаше противниците како мали деца, гo легна на земја голманот, а си поигра и со играчот кој сакаше да расчистува на гол линијата.

Публиката и коментаторите збуделеа од мајсторијата на напаѓачот.