24фудбал

„Лидерите на Барса знаат дека практично невозможно е да го купат Нејмар, ПСЖ преферира да го продаде на Реал“

Според „Ел Чирингито“, лидерите на Барселона знаат дека практично е невозможно да го купат Нејмар, ПСЖ преферира да го испрати играчот во Реал и тоа за помалку пари.

Шпанија

До крајот на летниот преоден рок има уште 11 дена и за очекување е вестите за иднината на Нејмар да продолжат да бидат топ тема. Бразилецот сака да замине од Париз и преферира да се врати во Барселона. „Каталонците“ имаа неколку обиди за негов ангажман, доставија неколку формули за реализирање на зделката, но за сите добија негативен одговор.

Според емисијата „Ел Чирингито“, лидерите на „каталонците“ знаат дека практично е невозможно да го купат Нејмар. Тие се убедени дека ПСЖ ќе каже НЕ без разлика што и да стават на маса, и веруваат дека „светците“ се подготвени да го испратат напаѓачот во Реал за помалку пари, во прашање била гордоста.

Единствена шанса за Нејмар да заврши на Камп Ноу, е играчот јавно да каже дека сака назад во Барселона и да побара од ПСЖ да му ја исполнат желбата. Доколку Бразилецот повлече еден ваков чекор, има шанси за комплетирање на трансферот.

Па затоа човекот од доверба Андре Кури добил задача да го убеди Нејмар и неговото семејство да превземат ваков потег.

Новинарот Ким Доменек додава дека Нејмар не е премногу заинтересиран за преселба во Реал, но доколку јавно каже дека сака само во Барселона, дефинитивно ќе ја затвори вратата за Мадрид. Па доколку ПСЖ продолжи да ги блокира обидите на Барселона, тој ќе мора да остане уште една година во ПСЖ, а токму ова сака да го избегне по секоја цена.