24фудбал

Компани си ја додели капитенската лента па реши дека повеќе нема да биде тренер на Андерлехт, ама само за време на натпреварите

Винсент Компани летово се врати во Андерлехт и тоа во необична улога како играч-тренер, сепак по само четири кола од новата сезона ќе бидат направени одредени промени, кои всушност се уште позбунувачки.

Останато

Дефанзивецот по 11 сезони поминати во Манчестер Сити се врати во клубот каде ја започна фудбалската кариера. Винсент Компани доби улога како играч-тренер во Андерлехт, но работите не се одвиваат според планот.

Клубот од Лото Парк по првите четири кола има само два освоени бода и најлош старт во последните 21 година. Самиот Винсент Компани е свесен дека нешто не штима, па денес беа направени одредени промени, кои всушност се уште позбунувачки.

Винсент Компани најпрво си ја додели капитенската лента (претходно ја носеше Самир Насри, едно од неколкуте звучни засилувања) а потоа реши дека повеќе нема да биде тренер на Андерлехт. Но всушност тој нема да ја извршува оваа улога само за време на натпреварите.

Додека трае мечот, Винсент Компани ќе биде фокусиран само на тоа како да го даде максимумот на теренот, а Сајмон Дејвис ќе биде задолжен за тактиките и ќе одлучува за измените. Со други зборови, Винсент Компани ќе биде тренер пред и по натпреварите (6,9 дена во неделата), но не и тие 90 минути кога се игра фудбал.