24фудбал

Сари нема да го води Јувентус на дербито против Наполи

Јувентус потврди дека Маурицио Сари нема да биде на клупата на првите два натпревари од новата сезона.

Италија

Маурицио Сари се опоравува од пневмонија ќе биде отсутен од обврските извесно време. Јувентус потврди дека тој нема да го води тимот на мечевите со Парма и Наполи.

„Маурицио Сари беше на дополнителни медицинските тестови денеска, резултатите покажаа напредок. За комплетно да се опорави од пневмонијата која го фати во изминатите неколку дена, тренерот нема да седи на клупата на првите два меча во Серија А, против Парма и Наполи“, стои во соопштението на Јувентус.

Сари оди во тренинг центарот но седи во оделена соба и преку видео линк ги следи тренинзите додека неговите асистенти работат со играчите.