24фудбал

Кејлор Навас се сели во Франција за поголема плата, голманот е на чекор до потпис со ПСЖ

Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во напредни преговори за Кејлор Навас, голманот е многу блиску до преселба во Париз.

Шпанија

Утрово Марка објави дека Кејлор Навас побарал од раководството на „кралевите“ да му дозволат да замине. Репрезентативецот на Коста Рика не сака да биде резерва на Тибо Куртоа, па бара нов предизвик.

Вечерва неколку извори од Шпанија пренесоа дека Реал Мадрид е во напредни преговори со ПСЖ и голманот е многу блиску до преселба во Париз.

Во моментов нема детали за висината на обесштетувањето но се вели дека Кејлор Навас на „Паркот на Принцовите“ ќе заработува 7 милиони евра годишно, што е за 2 милиони евра повеќе од она што во моментов го добива на „Сантијаго Бернабеу“.