24фудбал

Чемберлејн ја продолжи верноста со Ливерпул

Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоби со сериозна повреда која на подолг период го оддалечи од терените, меѓутоа оваа сезона се враќа на големата сцена.

Англија

Ливерпул потврди дека фудбалерот од средниот ред Алекс Окслејд-Чемберлејн ја продолжи соработката со клубот откако потпиша нов договор на подолг рок.

Премиерлигашот денеска и официјално објави за постигнатиот договор со Чемберлејн, кој на „Енфилд“ се обврза на верност до 2023. година, самиот тој вели дека е возбуден од тоа што преговорите завршиле успешно.

Јас сум навистина возбуден, извесен период ова беше неизвесно, меѓутоа убаво е што конечно работата заврши на ваков начин и го продолжив мојот престој тука, подготвен сум за предизвиците кои претстојат“ рече Чемберлејн по потписот на новиот договор со европскиот првак.

Чувствувам на себе дека пропуштив цела година, што всушност и се случи, така навистина сево ова е возбудливо за мене што бев во можност да потпишам нов договор, ова го чувствувам како можност да постигнам нешто што година претходно не можев да го остварам и да надоместам за загубеното време“ додаде тој откако оваа сезона се враќа на големата сцена по големите проблеми со повредите од минатата сезона.