24фудбал

Ковач се пожали: Кутињо не е во најдобро светло

Хрватскиот фудбалски стратег уверува дека неговиот тим нема да го изгори Бразилецот, иако, додава дека постоеле луѓе кои посакувале такво нешто од клубот.

Германија

Шефот на стручниот штаб на минхенски Баерн, Нико Ковач за време на денешната пресконференција за медиумите изјави дека Филипе Кутињо не е во одлично светло откако Бразилецот пристигна на позајмица од Барселона ова лето.

Тој се уште не е целосно физички подготвен на начин на кој што треба, тоа го кажа и самиот тој денеска, тоа се нашите првични импресии исто така“ рече Ковач.

Кутињо беше дел од составот на Бразил за време на Копа Америка ова лето, веднаш потоа замина на одмор пред да се врати на тренинзите на Барселона, по што следеше и преселбата во Минхен, а извесно е дека Бразилецот нема да биде во комбинација за мечот на „Баварците“ на гостувањето кај Шалке 04, што говори и индиректната најава на хрватскиот стратег.

Ние нема да го изгориме, иако дури постојат некои луѓе кои сакаат тоа да го сториме“ заклучи Ковач.