24фудбал

Тешка победа на Партизан против Молде, Волвс славеше во Торино

Партизан со гол пред крајот на натпреварот го победи Молде со 2-1, Волверхемптон со 3-2 славеше на гостувањето кај Торино.

Лига Европа

Партизан бараше победа на свој терен против Молде и дојде до неа иако таа не е убедлива и со примен гол.

Мрежите мируваа до 44. минута кога Боли постигна гол со многу среќа за водство на Молде од 1-0, но веднаш потоа Сомах го изедначи резултатот на 1-1.

Партизан во 84. минута по една убава акција со гол на Тошиќ дојде до победа од 2-1.

Интересно беше на дербито меѓу Торино и Волвс, англискиот тим славеше со 3-2.

И на овој меч резултатот беше отворен во финишот од првото полувреме, Бремер си даде автогол за водство на Волвс од 1-0.

Жота во 59. зголеми на 2-0, но две минути подоцна Де Силвестри намали на 2-1 и донесе надеж за Торино дека може да избегне пораз.

Студен туш следеше во 72. минута кога Хименез постигна погодок за предност на Волвс од 3-1, а на минута до крајот Белоти даде гол за пат во Англија барем со некаква надеж.


Резултати плејоф Лига Европа:


Астана - БАТЕ 3:0

Арарат - Дуделанж 2:1

Малме - Бнеи Јехуда 3:0

Судува - Ференцварош 0:0

Феенорд - Хапоел Бер Шева 3:0

Лудогорец - Марибор 0:0

Копенхаген - Рига 3:1

АЕК - Трабзонспор 1:3

Легија - Ренџерс 0:0

АЗ Алкмар - Антверп 1:1

Гент - Ријека 2:1

ПСВ - Аполон 3:0

Стразбур - Ајнтрахт 1:0

Брага - Спартак Москва 1:0

Селтик - АИК 2:0

Линфилд - Карабак 3:2

Еспањол - Зорја 3:1

Партизан - Молде 2:1

Слован - ПАОК 1:0

Торино - Волвс 2:3