24фудбал

Баерн го казни Ренато Санчез па го продаде во Франција за 25 милиони евра

Баерн Минхен става крај на соработката со Ренато Санчез, Португалецот пристигна како голем талент но си заминува како уште поголемо разочарување и кариерата ќе ја продолжи во Лил.

Германија

Пред три години, Ренато Санчез важеше за еден од најперспективните играчи во Европа, за неговите услиги интерес пројавуваа сите гиганти, а Баерн Минхен на големо изненадување ја доби битката во трансфер вреден 80 милиони евра (35 милиони фиксни и уште додатни 45 милиони евра во најразлични бонуси).

Но Португалецот не се снајде на Алианц Арена, никогаш не го покажа својот потенцијал, па дури една сезона беше пратен на позајмица во Свонси, каде исто така потфрли.

Ова лето Ренато Санчез запна да замине од Минхен, во неколку наврати имаше жестока преписка со раководството преку медиумите, а оваа недела доби и казна откако одби да се појави на тренинг по дуелот со Херта.

Желбата за трансфер сепак ќе му биде остварена, голем број на извори пренесуваат дека е постигнат договор за негова преселба во Лил за 20+5 милиони евра.