24фудбал

Ливерпул славеше во дербито против Арсенал, два гола за Салах (ВИДЕО)

Вицепрвакот на Англија стигна до максимални три победи во воведните три кола од новата сезона во Премиерлигата, на „Енфилд“, сосема очекувано падна Арсенал кој немаше сили да парира на фаворитот.

Англија

Ливерпул стигна до третата победа во низа во новата сезона од Премиерлигата откако денеска на домашен терен го совлада Арсенал, во дербито на третото коло со 3-1, а на полувремето домаќинот имаше минимално водство од 1-0.

Матип го скрши отпорот на гостите во 41. минута откако погоди со глава по една нафрлена топка од корнер, а со тој резултат се замина на паузата.

Во второто полувреме по само четири минути игра Луиз направи прекршок врз Салах во казнениот простор, а Египјанецот беше сигурен изведувач од белата точка за дуплирање на водството на домаќините.

Десет минути подоцна првата ѕвезда на Ливерпул го постигна и вториот гол на пресметката со што Ливерпул дојде до водство и од 3-0, а Арсенал со голот на Тореира во 85. минута само го ублажи поразот на 3-1.