24фудбал

Каков херој: Михајловиќ и со леукемија ја води Болоња (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ е вистински херој, српскиот стратег излезе од болница и од клупата ја води Болоња на денешниот меч против Џенова.

Италија

Михајловиќ има леукемија, прима хемотерапија, но не може од болнички кревет да го гледа својот тим како игра. Тој се појави на денешното гостување кај Верона и од клупата им командува на фудбалерите на Болоња.

Србинот се појави со капче на главата поради опаднатата коса од терапијата. Михајловиќ доби поддршка од целиот стадион.