24фудбал

Спировски по 10 месеци пауза се врати на терените со прекрасен гол (ВИДЕО)

Стефан Спировски ги одигра првите минути по пауза од 10 месеци, Македонецот веднаш постигна прекрасен гол за Ференцварош на гостувањето кај Пушкаш Академија.

Македонија

Фудбалерот од средниот ред долго време беше надвор од стројот поради повреда на коленото, и денеска ги одигра првите минути по ноември 2018 година.

Стефан Спировски на одличен начин се врати на терените и постигна прегласен гол за Ференцварош на гостувањето кај Пушкаш Академија. Тој без многу размислување пласираше од далечина и го матираше подизлезениот голман на домаќините за водство од 0-1.

Сепак, мечот не заврши добро за Македонецот и Ференцварош. Акдемија Пушкаш во продолжението направи комплетен пресврт и на крајот славше со убедливи 4-1.