24фудбал

Златан Ибрахимовиќ даде два гола во директното соочување со Карлос Вела (ВИДЕО)

На дербито на Лос Анџелес беа постигнати дури шест гола, но победник немаше, Златан Ибрахимовиќ постигна два погодоци.

Останато

Златан Ибрахимовиќ продолжува да блеска во МЛС, овој пат даде два гол во дербито на Лос Анџелес.

Тој имаше директно соочување со Карлос Вела кој е најдобриот стрелец а и најдобриот играч во МЛС во моментов.

Ибрахимовиќ ги постигна првите два гола за Лос Анџелес Галакси со кои имаа водство од 1-0 и 2-1, Карлос Вела даде еден погодок, тој за конечни 3-3 кој му донесе бод на Лос Анџелес ФК.

Оваа сезона Карлос Вела има 27 голови и 15 асистенции, Ибрахимовиќ е втор со 22 голови и три асистенции.