24фудбал

Проблеми за ПСЖ, Мбапе во „аут“ еден месец

Томас Тухел ќе мора да ротира во тимот на ПСЖ кој веројатно дека во првото коло од Лигата на шампионите ќе нема можност во својот состав да го има Мбапе, дополнителен проблем е повредата на Кавани, како и нерешениот статус со Нејмар.

Франција

ПСЖ синоќа сосема очекувано го совлада Тулуз пред своја публика убедливо со 4-0 во третото коло од француската „Лиг 1“, меѓутоа францускиот првак за одреден период ја загуби првата ѕвезда во тимот, Килијан Мбапе.

Утрово, „Ле Парисиен“ пренесе дека по медицинските тестови кои биле извршени над 20 годишниот напаѓач, било утврдено дека дошло до повреда на мускулот, а повредата ќе го оддалечи Французинот од терените од три седмици до еден цел месец.

Доколку рехабилитацијата на Мбапе тече според најавите, тој ќе пропушти четири меча за ПСЖ, но и два за селекцијата на „Триколорите“.

Единсон Кавани и Абду Диало исто така предвреме го напуштија мечот со Тулуз, и обајцата се здобија исто така со повреда.