24фудбал

Фан на Шалке во полиција ги пријави главниот судија и ВАР за измама (ФОТО)

Контроверзните ситуации од дербито помеѓу Шалке и Баерн и понатаму се во фокусот на германската јавност, фан на Шалке во полиција го пријавил главниот судија и ВАР за измама.

Германија

Во саботата, Шалке го пречека Баерн Минхен во Гелзенкирхен, натпревар кој гостите го добија со 3-0 благодарејќи на хет-трикот на Роберт Левандовски.

Но домаќините беа бесни откако имаше неколку контроверзни ситуации и два спорни моменти по кои играчите и навивачите на Шалке бараа најстрога казна. Павар играше со рака во шеснаесетникот, исто како и Перишиќ, но главниот судија не досуди ништо, а не се огласи ниту ВАР.

Па еден навивач денеска реши да појде во полиција и да го пријави главниот судија и луѓето од ВАР собата за измама.