24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Фаворитите на потег, дали е време за „трипл капитен“?

Точно 8,200 натпреварувачи во „Фантази Премиерлига“ има од нашата земја, тие се натпреваруваат во мега популарната симулаторска игра која во моментов брои близу 6,5 милиони натпреварувачи од целиот свет, ова коло веројатно нуди голема можност за бодови на салдото ако се земат во предвид натпреварите на големите фаворити.

Останато

Четвртото коло во Премиерлигата нуди многу опции кај фаворитите, секако, говориме за актуелниот првак Манчестер Сити и вицепрвакот Ливерпул, едните на домашен терен го пречекуваат Брајтон, другите пак гостуваат кај Барнли, очекувањата се секако големи кај натпреварувачите на „Фантази Премиерлига“.

Од останатите натпревари, ќе го издвоиме и гостувањето на Манчестер јунајтед кај Саутемптон, како и дуелот кој Челси го има пред своја публика против Шефилд Јунајтед, дербито на колото се игра помеѓу градските ривали Арсенал и Тотнем.

Најпрво да се потсетиме очекувања кои ги пренесовме во претходната анализа за третото коло, каде освоивме солидни 49 бодови во рунда каде просекот на бодови општо изнесуваше 44 бода. Очекувањата од претходната анализа ќе ги оцениме како успешни најмногу поради фактот што во освоените 44 бодови не се вкалкулирани бодовите од капитенот, веројатно нема да ни замерите тоа што не посочивме кој да го одберете како капитен, како за пример, доколку го селектиравте Салах, вкупно со тој состав ќе освоевте одлични 59 бода, што е дури за 15 бодови повеќе од просекот во третото коло.

АНАЛИЗАТА ОД ПРЕТХОДНОТО КОЛО

Тешко им оди на Манчестер Сити и Ливерпул во битката за клин шит, односно натпревари без примен гол во сопствената мрежа, веројатно блага предност има тимот на Гвардиола за ова коло, со оглед на незгодниот Барнли и супер-расположениот Барнс кој е во водечката петорка на целата игра во поглед на бодовите, вкупно досега освои фантастични 25, а постигна четири погодоци. Цената секако му е растечка, и изнесува 6,6. Кога сме кај бодовите во генералниот пласман, звучни неверојатно, но прв е напаѓачот на Норвич, Пуки кој со пет погодоци има 35 бода, и цена која достигна до 7, а започна со 6,5, но, ретко кој очекуваше ваков епилог секако.

Како што наведовме, ќе му дадеме блага предност на Манчестер Сити во битката за клин шит бодови, Едерсон (6,1) ќе го поставиме на голот, а во одбраната ќе има место и за стандардниот Зинченко (5,5), кој на гостувањето кај Борнмут (1-3) повторно ги одигра сите 90 минути, а од тоа што го видовме, Украинецот добива се поголеми офанзивни задачи, што е можност за потенцијални бодови од асистенција, а зошто да не и гол.

Во одбраната во која ќе играме со четворица, секако ќе има место и за Александер-Арнолд (7,0), како и неговиот соиграч од Ливерпул, Робертсон (7,0), меѓутоа ќе предупредиме на незгодниот Барнли и нивниот супер-напаѓач Барнс кој може да разочара многу натпреварувачи ова коло. Во Манчестер јунајтед гледаме со резерва, таквите очекувања ќе ги задржиме и ова коло, претходно се покажа како точна анализата, особено по шокантниот пораз на домашен терен од Кристал Палас претходното коло, а Саутемптон знае добро да изненади, ќе потсетиме дека таа екипа постигна гол против Ливерпул во поразот на домашен терен, па останавме без клин шит во таа рунда, иако мечот не соодвествуваше на таков резултат од 1-2.

Дефанзивната линија ја заокружуваме со Дињ (6,0), иако Евертон на домашен терен го пречекува незгодниот Вулверхемптон кој во својот напад ги има Жота и Хименез, сепак, Французинот е добро познат по играта во офанзива во тимот на Марко Силва, па очекуваме бодови од прекини на таа средба токму од Дињ.

Се префрламе во средниот ред, таму ќе инвестираме најмногу, веќе претходно наведовме дека фудбалерите од средниот ред носат многу повеќе бодови од напаѓачите, па така нема дилеми во Стерлинг (12,2) и Салах (12,5), ќе го додадеме и Пулишиќ (7,5), кој веќе реализираше една асистенција во претходното коло во победата на Челси кај Норвич (2-3), иако Маунт е во неверојатна форма, сепак, тој во моментов е неизвесен за настап, како и да е, дуелот со Шефилд Јунајтед, и тоа на „Стемфорд Бриџ“ е одлична шанса за конечно Американецот да блесне и да покаже што знае и умее со фудбалската топка.

Вест Хем славеше на гостувањето кај веројатно најслабиот состав сезонава во Премиерлигата досега Ватфорд (1-3), а конечно паднаа и првите бодови од Фелипе (6,9) кој реализираше една асистенција, токму од него очекуваме бодови ова коло и веруваме дека ќе продолжи онаму каде што застана во претходното коло, Норвич е убава прилика за Бразилецот кој лани имаше одлична сезона.

Лестер – Борнмут, натпревар кој сигурно ветува погодоци и офанзивна игра, ако се земе во предвид офанзивниот пристап на игра кој го негуваат обете екипи, па така ќе го селектираме Тиелеманс (6,4), кој засега е скромен во составот на „Лисиците“, кои се уште ја немаат обезбедено првата победа сезонава пред своја публика, нема дилеми дека ќе направат максимални напори претстојниов викенд за такво нешто, а тоа секако ќе биде голема мотивација за фудбалерот кој е стандарден во тимот на Роџерс и има голема улога во завршните напади на таа екипа.

Во однос на нападот, ќе го селектираме Жоелингтон (5,9), токму Бразилецот му пресуди на фаворитот Тотнем во претходното коло, и тоа на негов терен во Лондон, очекуваме против „разнишаниот“ Ватфорд да го постигне својот втор гол сезонава, а мечот пред домашната публика на „Сент Џејмс Парк“ сигурно е дополнителна мотивација за него, а скромната цена за Бразилецот е доста привлечна за нас како натпреварувачи.

 

Едерсон (6,1); Зинченко (5,5), Александер-Арнолд (7,0), Робертсон (7,0), Дињ (6,0); Стерлинг (12,2), Салах (12,5), Пулишиќ (7,5), Фелипе (6,9), Тиелеманс (6,4); Жоелингтон (5,9).


Вкупната цена на фудбалерите кои ги селектиравме изнесува 83, а вам ви преостануваат цели 17 милиони во буџетот, што се однесува пак до капитентската лента, ви препуштаме вам во изборот, веројатно дилемата е околу Стерлинг и Салах, ние му даваме предност на Стерлинг ова коло.

 

ДАЛИ Е ВРЕМЕ ЗА ТРИПЛ КАПИТЕН?

Постои дискусија кај натпреварувачите околу тоа кога е вистинскиот момент да се одбере опцијата „трипл капитен“, јас лично, како автор во оваа едиција, сметам дека таа опција треба да се искористи во почетната фаза на шампионатот, имајќи во предвид дека англиските екипи имаат доста бурен распоред во продолжението од сезоната, а ако се внесат и настапите во Лигата на шампионите, не очекувајте ваква свежа игра од страна на Стерлинг и Салах подоцна, барем такви се моите очекувања по тоа прашање.

Ќе потсетам дека тој став се покажа како исправен во ланската сезона, со оглед на фактот што Салах во бурниот период на распоред на натпревари често беше заменуван уште во раната фаза од натпреварите, тука беше златната резерва Шаќири, а Швајцарецот носеше бодови за Ливерпул во тие ситуации. Од друга страна пак, на сите им е позната „лудата“ ротација која знае да ја направи Гвардиола во Манчестер Сити, така беше и лани, па имавме многу разочарани натпреварувачи кои „бркаа“ бодови по Стерлинг, Сане, а некогаш и Лапорт во моментите кога Сити имаше по два меча во една натпреварувачка рунда на „Фантази Премиерлига“.

Поаѓајќи од тој аспект, четвртото коло претстојниов викенд, како и петтото коло се веројатно најубавите моменти за да се искористи опцијата „трипл капитен“. Гледајќи го распоредот на натпревари, веќе сме запознаени за возбудувањата претстојниов викенд, а за тој по две недели, Ливерпул на домашен терен го пречекува Њукасл, Манчестер Сити гостува кај Норич. Според мене, шестото коло е супер шанса за бодови на салдото, ако се земе во предвид дека најслабата екипа во досегашните три кола, Ватфорд, гостува кај супериорниот Манчестер Сити, па тоа е одлична можност за бодови од Стерлинг, кој сигурно ќе атакува на погодоци и асистенции и претстојниов викенд.

Дали Стерлинг и Салах би можеле сега да донесат супер бодови од опцијата „трипл капитен“, или ќе сочекаме до петтото, а можеби и шестото коло, останува на вас, мојот избор е шесттото коло и дуелот на Стерлинг против Ватфорд, токму со Англичанецот би бил трпелив, и со оглед на неговата здравствена и физичка состојба, доколку околностите се позитивни, токму во таа рунда натпревари би ја искористил опцијата „трипл капитен“. 

Да бидам искрен, не ја исклучувам можноста опцијата „трипл капитен“ да ја искористам уште во ова коло, со оглед на фактот што очекувам Манчестер Сити да ја наполни добро мрежата на Брајтон на „Итихад“, тука е секако Стерлинг како прва опција, и покрај одличната форма на Агуеро.

Веќе пропуштивме две одлични прилики за „трипл капитен“,  Стерлинг постигна хет-трик (максимални 60 бода), а Салах минатото коло реализираше два гола во дербито против Арсенал (45 бода), веројатно е дека ова е најдобриот период за да ја искористиме опцијата која носи тројно зголемување на бодовите на нашите фудбалери кои би ги селектирале за капитен во составот.

 

Филип Јаневски лидер на табелата во лигата на „24фудбал“, Марко Димитријевиќ лидер во генералниот пласман во лигата од Македонија.

Водечката петорка во лигата на „24фудбал“:

Еве го изборот на лидерот во лигата на „24фудбал“ од претходното коло:


Генерален пласман во рамки на нашата земја:

Еве го изборот на лидерот во генералниот пласман на Македонија од претходното коло:



ДА ПОТСЕТИМЕ, ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“, КОДОТ Е СЛЕДЕН: ah7lqe


Д.П.