24фудбал

Лапорт и Дешам ќе ги закопаат секирите?

Веројатно е дека контроверзната ситуација конечно ќе биде решена за доброто на селекцијата на Триколорите, од Франција веќе најавуваат такво нешто, но, одлуката сепак останува на Дешам кој го има последниот збор.

Останато

„ЛЕкип“ и „Ле Парисиен“ пренесоа дека Ејмерик Лапорт, дефанзивецот од редовите на англискиот првак Манчестер јунајтед,  денес конечно би можел да добие повик од селекторот на Франција Дидје Дешам.

Наводно Дешам сериозно ја разгледувал опцијата со Лапорт, особено откако сега откако ги има Умтити, Кимпембе на листата на повредени фудбалери, а неизвесен е и Диало.

Доста контроверзна беше ситуацијата околу еден од најдобрите стопери во англиската Премиерлига, кој ги има поминато сите младински погони на француската национална селекција, но, за неверување е фактот што се уште нема повик во сениорскиот состав.

Лани, кога Лапорт беше во феноменална форма, запрашан за тоа зошто не добива повик од Дешам, прстот го впери во самиот селектор, велејќи дека тој лично нема никаков проблем со него, а доколку постои проблем, тоа дефинитивно е токму Дешам, дали ќе дојде до закопување на секирите помеѓу обајцата, останува да видиме.