24фудбал

Не може новајлијата Кутињо да има најголема плата, Левандовски доби нов побогат договор од Баерн

Баерн Минхен попладнево соопшти дека Роберт Левандовски ставил потпис на нов договор, напаѓачот се обврза кон шампионот на Германија до 2023 година.

Германија

Роберт Левандовски доби нов побогат договор, Полјакот ја продолжи верноста со Баерн Минхен за уште четири години до 2023.

„Баерн стана мојот дом кога е во прашање спортот. Со семејството се чувствуваме комфорно во Минхен. Убеден сум дека заедно ќе постигнеме многу во следните години. Баерн е еден од најголемите три клуба во светот и имаме извонреден тим. Горд сум што сум дел од овој клуб“ - вели Левандовски.

Според пишувањата на медиумите, Роберт Левандовски во иднина ќе заработува 20 милиони евра бруто годишно, наспроти досегашните 15 милиони евра бруто.

Со новиот договор, напаѓачот се изедначи со платата со засилувањето Филипе Кутињо, двајцата се првите играчи во историјата на Баерн кои имаат примања од 20 милиони евра бруто годишно.