24фудбал

Белград ќе има два клуба во групна фаза, Партизан се пласира во Лига Европа (ВИДЕО)

Со гол на Милетиќ на десет минути пред крајот Паризан избори пласман во групната фаза од Лига Европа.

Лига Европа

Претходно Црвена звезда се радуваше на пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, вечерва навивачите на Партизан слават пласман во Лига Европа. Србија има два клубови кои ќе играат елитен европски фудбал и на есен.

Партизан со победа од 2-1 отпатува во Молде. Таму резултатот долго време беше 0-0, во 72. минута Џејмс погоди за водство на домаќините од 1-0.

Со тој резултат Молде одеше во групната фаза, но осум минути подоцна Милетиќ со глава реализираше за конечни 1-1 и голема радост на Партизан.