24фудбал

Ворнок сакаше да им се извини на фудбалерите на Црвена звезда за „водоводџии“, но го промаши клубот! (ФОТО)

Поранешниот англиски фудбалер, Стивен Ворнок влегува од гаф во гаф, проба да се извини на играчите на Црвена звезда за тоа што ги нарече водоводџии, но го утна клубот, наместо фудбалскиот, го посочи кошаркарскиот.

Лига на Шампиони

Изјавата на Ворнок во која Црвена звезда ја нарече аматерски клуб, а фудбалерите дека се и водоводџии покрај играчи, крена лавина реакции.

Откако си ја увиде грешката, Ворнок проба да се извини, но го утна клубот. Наместо на фудбалскиот му се извини на кошаркарскиот клуб на Црвена звезда.