24фудбал

Хендерсон со коментар по „војната“ помеѓу Мане и Салах, тврди дека тимот гори во желбата за перфекција (ВИДЕО)

Капитенот на „Редсите“ вели дека неговиот соиграч Мане е одлично момче, тврди дека тимот е блиску до уште подобра игра, воедно тој упати и пофалби на сметка на својот соиграч за кого издвои дека имал уште еднаш фантастични перформанси.

Англија

Ливерпул дојде до убедлива победа на гостувањето кај Барнли во четвртото коло од Премиерлигата каде славеше со 0-3, меѓутоа победата на тимот на Јирген Клоп остана во сенка поради конфронтацијата која дојде помеѓу двете ѕвезди на „Редсите“, Садио Мане и Мохамед Салах.

Египјанецот беше себичен во една ситуација каде неговиот соиграч Мане имаше одлична позиција, небранет од никого да постигне гол, наместо да му асистира, Салах се реши да продолжи со соло акција, а тоа го налути Мане кој бурно реагираше.

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон во изјава по мечот вели дека бурната реакција на Мане го покажува високиот степен на конкуренција која веројатно се надминува себе си во таа екипа, а тој тврди дека постои голема желба во составот на таа екипа за перфекција во играта, што доаѓа до притисок од еден кон друг фудбалер.

Веќе видено од негова страна, Мане е добар, тој е одлично момче, меѓутоа тоа понекогаш не притиска нас во одредени моменти, тоа е важно, сите сакаме да бидеме подобри, меѓутоа близу сме до таа цел, мислам дека можеме да се справиме“ изјави Хендерсон.

Најважното нешто од овој натпревар е што имаме резултат, онаков каков што посакувавме, Мане го знае тоа, имаше одлични перформанси“ додава Англичанецот.

Како што кажав и претходно, ние сакаме да се притискаме еден кон друг, сакаме постојано да се подобруваме, мислам дека тоа во одредени моменти е потребно“ заклучи капитенот на европскиот шампион.

Оваа ситуација од вчерашниот меч е топ тема на Островот, Мане воедно бурно реагираше и во моментот кога беше повлечен од игра, а го смируваше и Клоп.

Меѓутоа, снимките не „умираат“, на така фановите на социјалните мрежи потсетија и на речиси идентична ситуација од ланската сезона во градското дерби со Евертон, каде Мане го стори истото...