24фудбал

Лудило во Истанбул, Фалкао пречекан од 25.000 фанови на Галатасарај (ВИДЕО)

Во текот на минатата ноќ колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао пристигна во Истанбул, тој ќе игра за Галатасарај а навивачите му приредија дочек кој никогаш нема да го заборави.

Останато

Турците се луди, кога им пристигнува фудбалска ѕвезда како засилување, се радуваат како да освоиле трофеј.

Иако фудбалерите треба да се слават откако ќе направат нешто за клубот, во Турција се некои се богови а уште не го облекле дресот.

Така е и со Радамел Фалкао, без разлика колку голови ќе даде за Галатасарај, тој беше пречекан како вистински шампион.

Информациите од Турција велат дека дури 25,000 навивачи биле на аеродромот и направиле неверојатна атмосфера при неговото доаѓање.