24фудбал

Дешам го награди Гендузи, фудбалерот на Арсенал го менува повредениот Погба во Франција

Гендузи полека но сигурно станува клучна фигура во играта на Арсенал, имаше импресивно издание против Тотнем во градското дерби каде учествуваше во двата гола на „Топчиите“ во ремито со големиот ривал.

Останато

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи го доби првиот повик во националниот состав на Франција под водство на Дидје Дешам, ова доаѓа како алтернативна опција за селекторот на „Триколорите“ по повредата на Пол Погба.

Ѕвездата на Манчестер јунајтед ги одигра сите 90 минути од ремито со Саутемптон во Премиерлигата, меѓутоа напуштајќи го теренот впечатлива беше болката од повреда, според информациите, се работи за повреда на глуждот.

Со тоа, Погба е веќе вон стројот за дуелите на Франција против Албанија и Андора за време на интернационалната пауза во следните десетина денови, а токму Гендузи ќе ја пополни испразнетата дупка.

Последен настап на Гендузи во дресот на националниот состав на Франција е оној од јуни во поразот од Шпанија во полуфиналето од европското првенство за фудбалери до 21 година, меѓутоа, неговите одлични настапи во дресот на Арсенал сега се наградени и со повик во сениорскиот состав.