24фудбал

Јувентус ја доби битката со Ливерпул и Тотнем, Сонг потпиша за „Старата дама“

Од Јувентус во репрезентативецот на Северна Кореја гледаат голем потенцијал, идна ѕвезда во составот на „Старата дама“ која ќе тренира со првиот тим во одредени периоди, меѓутоа, тој веднаш ќе биде прекомандуван во младинскиот состав.

Италија

Јувентус го финализираше ангажманот на 20 годишниот фудбалер од редовите на Каљари, Хан Кванг Сонг, кој беше на радарот на „Старата дама“ од поодамна, но истовремено Тотнем и Ливерпул, меѓутоа италијанскиот првак на крајот го доби неговиот драгоцен потпис.

Истовремено, клубот од Торино веднаш објави дека напаѓачот ќе му се приклучи на тимот за фудбалери до 23 години. Сонг, кој инаку е роден во Пјонгјанг, на два пати беше испраќан на позајмица во Перуџа, а неговиот потенцијал брзо беше забележан.

Во италијанскиот второлигаш забележа 39 настапи, на кои постигна 11 погодоци, а воедно реализираше и пет асистенции.

Сонг во дресот на Каљари доби можност за докажување на 12 натпревари, на кои постигна по еден погодок и асистенција.